Сончево и топло време ќе преовладува за време на претстојните велигденски и првомајски празници. Максималната температура ќе достигне и до 30 степени. Синоптичарите за денеска во Велес најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура за денес се предвидува до 30 степен целзиусов. Утре и во недела времето во Велес ќе биде слично со максимални дневни температури од 27 до 30 степени додека утринските температури исто така ќе се покачат до 14 степени.