Три нови жртви на корона инфекција бележи Велес во текот на денешниов ден. Во Општата болница Велес починати се  две лица 71 годишна жена и 88 годишен маж додека во приватната клиника ,,Филип II-ри,, почината е 62 годишна пациентка од Велес. Сите денешни смртни исходи се од компликации настанати од корона инфекција, а пациентите имале позитивни наоди на тестовите. Во последните денови рапидно расте бројот на смрти случаи и за само неколку дена починаа петнаесетина велешани додека од почетокот на пандемијата бројот на починати како резултат на корона инфекција во Велес изнесува 55.