Денес се регистрирани 67 случаи на корона инфекција, а од почетокот на пандемијата се инфицирале 1665 велешани. Од нив досега 844 се водат како оздравени, а активните случаи се 767. Од активните случаи 69 велешани се наоѓаат на лекување во велешката болница, а 7 се на приватните клиники во Скопје. 691 се на домашно лекување. Со денешните 6 починати бројот на лица во Велес кои ја изгубија битката со Ковид-19 изнесува 54.