фото - Илустрација

Вчера во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Р.(44) од Велес, затоа што околу 16.40 часот физички нападнал 38-годишна жена од Велес во нејзиниот двор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Велес.