Првата фаза на тестирање на иновативен лек против коронавирус е успешно завршена во израелската болница Ичилов, објави Министерството за надворешни работи на Израел.

Лекот наречен “EXO-CD24” се применува така што пациентот го вдишува директно во белите дробови неколку минути еднаш на ден во период од пет дена и со тоа го прекинува т.н. цитокинска бура предизвикана од корона вирусот.

Цитокинската бура е опасна по живот, системски воспалителен процес што резултира со прекумерна реакција на имунитетниот систем на организмот, што може да биде предизвикано од разни патогени, вируси, бактерии, но и автоимуни болести.

Од 30 пациенти кои биле во умерена до тешка состојба, 29 се отпуштени од болницата за 3-5 дена. Последниот пациент исто така се опоравил, но му требало многу време.