Даниел Иванов и Александар Пановски се двајцата велешани кои од овој месец се засилување на ФК Слога 1934 од Виница. Младиот играч од одбраната Даниел Иванов одработи неколку проби и ги задоволил критериумите на стручниот штаб по што потпишал и договор. Тој доаѓа од екипата на Маџари Солидарност. Во ФК Слога 1934 од Виница доаѓа и Александар Пановски кој предходно играше за екипата на Брегалница од Штип а има настапувано и за екипите на ФК Кит Го, ФК Силекс и ФК Борец.