ЈКП Дервен од страна на Општинскиот штаб е задолжено да ги преземе сите законски мерки ако треба и со соработка со Министерството за внатрешни работи и со поднесување на соодветни пријави во Јавното обвинителство до поединците и организациите кои спротивно на законот не дозволуваат предавање во владение на водоводните дистрибутивни мрежи како што е случајот со населеното место Иванковци, информира градоначалникот Коцевски. И покрај тоа што водата беше констатирано дека не е добра за пиење здружението на граѓани односно водната заедница не дозволува ЈКП Дервен и покрај одлуката на советот да го преземе на управување во целост водоснабдителниот систем за да може да им се гарантира на жителите на Иванковци здрава и чиста вода за пиење.