Преку денот ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини. Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 5 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени. Од недела времето повторно ќе биде стабилно, но со пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под минус 5 степени. Инаку утрово снег има на високиот дел од Маврово, на планината Бистра.