Во петокот и саботата двајца велешани на иста улица настрадаа како резултат од напад на куче скитник. Најпрво бил нападнат Л.В.(19) кој околу 22:00 часот во петокот во СВР Велес пријавил дека на ул.„Андон Шурков“ во Велес бил каснат од куче скитник. Следниот ден односно 5 ипол часа по првиот пријавен напад, ноќта околу 03:30 часот во СВР Велес, В.К.(39) од Велес пријавил дека на ул.„Андон Шурков“ во Велес бил каснат од куче скитник.