Екипата на Борец 1919 успеа да договори уште две нови имиња за наредната сезона.  Клубот од Велес откако ги обезбеди потписите на Енсар Љума, Ристе Каракамишев, Александар Ѓорѓиески, Стефан Јакимовски и Кристијан Николов ги ангажираше Алекс Талески и Гонзало Иван Зарате. Зарате е 26-годишен аргентински интернационалец кој во Борец доаѓа од Атлетико Хувентуд. Талески пак одново се враќа во Македонија и со велешани потпиша двегодишен договор. Тој во минатото го носеше дресот на Вардар, а сега во новата средина доаѓа од Данденонг Сити од Австралија.