Posted by Nikol Djipunov on Friday, June 26, 2020

Јован Ивев има потреба од лекување по несреќата која го остави неподвижен и за таа цел неговиот братучед Никол Џипунов кој во моментов живее во Австралија стартуваше он лајн акција за донации за негово понатамошно лекување. За неполни 24 часа успеаа да соберат половина од потребните средства. Апелираме сите да се вклучиме и да помогнеме.

Драги пријатели, се работи за мојот братучед Јован Ивев кој има 24 години. На 23.09.2019 година како возач на камион имаше несреќа при истовар на роба во Ротердам, Холандија.
При истовар врз него се паднати метални цевки од околу 2500 кг. Металните цевки му ги нагмечиле главата, градниот кош, абдоменот, карлицата и нозете. Отстранувањето на цевките траело долго при што тој е останат без кислород и реакција на срцето. По пристигнување на брзата помош тој е реанимиран и после неколку минути вратен во живот.
Во болницата во Холандија е лекуван 3 месеци по што е испратен во Македонија за понатамошно лекување.
Поставена му е дијагноза Dg. QUDRIPARESIS. St. Post. Plytraumatismus.
За понатамошно лекување во моментов ни се потребни средства од 10.000 евра за алтернативно лекување, односно роботска неурорехабилитација, физикална и интерна терапија, рехабилитација и негово закрепнување во Поликлиника Неуромедик Ниш, Србија .
Во моментов тој е неподвижен, ве замолувам за помош за тој да се исправи на нозе.