Непрекинатиот дожд изминатите денови го зголемија нивото на реката Вардар кај Велес за повеќе од трипати. Според информациите од Управата за хидро метереолошки работи, Вардар кај Велес на 1-ви јануари имал ниво од 45 сантиметри, една недела подоцна на 7-ми 90 сантиметри додека вчера 110 сантиметри за да денес достигне ниво од 150 сантиметри. И покрај високиот водостој излевање на Вардар во Велес нема освен кај градскиот парк каде поплавени се првите дрвја до самиот брег, но не изостана грдата слика на ѓубре и пластични шишиња кои ги носеше реката.