др. Дејан Жујовиќ, пулмолог од Белград објави снимка од бели дробови на 22-годишен пациент, заразен со коронавирус. Жујовиќ и самиот бил заразен со Ковид-19, и го прележал овој вирус, објасни дека го ставил видеото на социјалните мрежи, за да ги потсети оние кои не веруваат во постоењето на вирусот и дека станува збор за опасно заболување. На видеото се гледа драстично оштетување на белите дробови, а во случајов загубата на белите дробови е 50%.

-Вака понекогаш изгледаат белите дробови погодени од короната. Отсега натаму, јас не комуницирам со морони кои го негираат вирусот! Овој пат се потребни луѓе кои се здрави во главата. Држете се на дистанца, со маска каде што не е можно растојание. Контактирајте го вашиот лекар ако не се чувствувате добро. Сум против сите екстремни мерки, како што е полицискиот час. Останете здрави и живи , напиша др. Жујовиќ.

Ovako nekada izgledaju pluća pogođena koronom. Od ovoga trenutka ne komuniciram sa debilima koji negiraju virus! Ovo vreme zahteva ljude koji su zdravi u glavi. Držite distancu, maska gde distanca nije moguća. Javite se svom lekaru ako se ne osećate dobro. Pokret je protiv svih ekstremnih mera, kao što je policijski čas.Ostajte nam zdravi i živi 💪💪💪

Posted by Dejan Zujovic on Monday, October 12, 2020