Здравствените работници од Општата болница во Велес се вакцинираат против Ковид-19 во модуларната болница при Инфективна клиника во Скопје. – Вкупно 84 здравствени работници од оваа јавна здраствена  установа кои веќе една година се вклучени во борбата со Ковид-19, во текот на денешниот и утрешниот ден ќе ја примат вакцината против Ковид-19, изјави  Елеонора Јованова, портпарол на Општата болница Велес. Следни за вакцинација од Велес ќе бидат вработените во брзата помош додека оние кои веќе ја прележале инфекцијата нема да бидат вакцинирани.