Дали ќе се спогодат Владата и Синдикалците  околу  утврдување на  правата на работниците. Тие денеска на заедничка средба  ги  разгледуваа различните ставови. А дека навистина има разлики  потврди и премиерот Заев.  Првиот синдикалец  Дарко Димовски  од Владата побара неработни викенди за работничката класа, на ова премиерот Заев вели,  мора да работиме  ако сакаме да бидеме Швајцарија.

„Сакаме швајцарски плати мора да работиме како во Швајцарија, значи сакаме повисоки плати,мора да имаме поголема продуктивност на трудот. Гледате дека имаме различни ставови со Синдикатот, тие бараат неработни сабота и недела, ние викаме недела , затоа што продуктивноста мора да работи со сите продуктивни механизми.“, рече Заев.

Димовски повтори дека не треба да има  селекција при носење на новиот закон за пензионирање.

„Не е фер текстилната работничка и административниот работник да одат под исти услови во пензија 03.24 Бараме да се воведе старосна пензија по возраст која би се остварувала по услов од возраст од 57 години за жени и 59 години за мажи со минимум стаж од 15 години“, изјави Димовски.