Денес на инфективната клиника во Скопје почина велешанецот кој беше од првите заразени со коронавирус во Велес од кластерот на заразени од шумското стопанство Бабуна. Истиот најпрво беше примен во велешката болница но поради компликации на неговата здравствена состојба за кратко време беше префрлен на инфективната клиника во Скопје.
Ова е втор случај на смрт од коронавирус во Велес.
Предходно почина и старец на 78-годишна возраст кој не беше примен на инфективното оделение во Велешката болница а присуството на коронавирус беше потврдено посмртно.
Воедно денес се забележани два нови случаи на коронавирус со тоа бројката на болни во градот се искачи на 32 лица.
Новите два случаи не се поврзани со предходно детектираните кластери на заразени.