Денеска имаме нови 2 нови случаи на заразени со коронавирус во Велес. Се работи за инспектор од СВР Велес и вработен во текстилната индустрија кој во изминатите неколку дена имал симптоми на коронавирус.
Вкупната бројка на заразени со коронавирусот во Велес достигна 34 лица.
Денес на Инфективната клиника во Скопје почина 67 годишен велешанец кој бил во контакт со првопочинатиот велешанец 78 годишниот старец кон не беше примен на инфективното оделение во Велес а присуството на коронавирусот му беше потврдено посмртно..
Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на коронавирус со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Македонија изнесува 908 лица.