Една од работите која не ни годи во текот на летниот период, е наездата од комарци. Тоа што „зујат“ може некако да се поднесе, но кога ќе ве каснат тоа е сосема поинаква работа и создава непријатност.

Затоа ова е течноста која ќе ги оддалечи комарците од вашиот дом, доколку немате поставено мрежа или пак ја немате онаа сијалица која ги оддалечува или било што со кое ќе се спасите.

Земете мала стаклена чашка и во неа ставите две парчиња лимон, две парчиња зелен лимон, малку рузмарин, 8-10 капки етерично масло од еукалиптус и малку вода. На крајот ставете свеќичка што плови и запелете ја. Наскоро ќе видите како комарците бегаат.