Микробиологот д-р Никола Пановски смета дека за да се забави ширењето на Делта сојот потребни се навремени мерки. Тој во изјава за Телма рече дека свадби во затворен простор не смее да има, а потребни се и рестриктивни мерки на границите. -Треба контрола на границите од земјите во кои тој доминира. И на Аеродром и на границите. Треба да се размисли со исто со нашите луѓе што одат масовно во Грција. Меѓутоа, особено на иселениците кои понатаму во домовите, во затворен простор, овој вирус уште побрзо да го прошират. Треба да се повлече одлуката за одржување на свадби, барем во затворен простор бидејќи иселениците доаѓаат баш на тие места и исто така да се прекинат какви било прослави во затворен простор. Тоа е минимум што би требало да се направи, вели Пановски.