Вчера д-р. Александар Колев по положувањето на специјалистичкиот испит стана првиот кардиохирург во историјата на Катедрата по хирургија на Медицински Факултет – Скопје. Тој звањето го доби полагајќи пред комисијата во состав од Проф. д-р. Бојан Биочина – Загреб, Проф. д-р. Горан Кондов и неговиот ментор Проф. д-р. Сашко Јовев. Воедно да потсетиме дека д-р Александар Колев беше во тимот кој учествуваше во првата трансплантација на срце во Македонија  која беше изведена на Клиниката за кардиохирургија во Скопје. На д-р Колев му посакуваме успешна работа во понатамошната кариера.