Германскиот гигант за производство на автомобилска опрема, Дрекслер Мајер првично најавеното започнување со работа по прекинот од 21.03.2020 година го одлага за средината односно крајот на април.

Вработените по пат на смс пораки се веќе известени дека првично најавеното започнување со работа од 06 април се одлага.

Објаснувањето е дека поради ситуацијата со коронавирусот кој има сериозен економски импакт врз работењето на компаниите нарачките за опрема им се откажани и вработените во зависност со деновите кои ги имаат на располагање се праќаат на платено отсуство регулирано со одмор односно принуден одмор.

Инаку во Дрекслер Мајер има околу 6000 вработени од Велес, Кавадарци, Неготино, Прилеп, Росоман, Градско, Демир Капија.