Битолчанец и неговата сопругата кои патувале во Занзибар, Африка се позитивни на ковид-19. Двајцата веќе се сместени  во болница. Мажот се лекува во одделението за нефрологија во Струшката болница, а жената  во Скопје. Според информациите што ги објавија медиумите, тие симптомите на вирусот ги пројавиле два дена пред враѓањето во земјава. Струшката болница веќе испратила мостри за утврдување на видот на вирусот. „Африканецот може да го споредите со куршум што го пробива панцирот, кацигата и секоја друга можна заштита. Јужноафриканската варијанта е потврдена кај две лица што неодамна се вратиле во Хрватска од Африка, од Занзибар, изјави епидемиологот Горанка Петровиќ додавајќи дека кај оваа варијација на вирусот тој предизвикува да нема имунолошки одговор, како и дека еднаш инфицираните со коронавирусот може да заболат повторно од новиот сој.