Натпреварот се одржа во Република Србија во градот Чачак и истиот е од меѓународен карактер. Традиционално се одржува 16-та година по ред, во чест на основачот на кајакарскиот клуб во Чачак. На натпреварот учество земаа 45 натпреварувачи во машка и женска конкуренција од 3 држави: Република Македонија, Република Србија и Босна и Херцеговина. Љубомир Спасиќ од Кајак клубот – Арка Борец Велес го освои првото место на натпреварот во Сениорска категорија, односно натпревар на диви води во дисциплината спуст за 2021 година, второ пласиран беше Александар Златар Златаров и како четврто пласиран Енис Небиовски. Овие натпревари се реализираат за време на пандемија со препораките кои се во согласност со насоките спроведени во протоколите за заштита од ширење на COVID-19.