Според нашите неофицијални информации кафичот Каса, кој се наоѓа на главната улица, Благој Ѓорев ноќеска бил ограбен. Се работи за инвентар од тарасата на кафичот.

Според информациите на МВР било пријавено дека во временскиот период од 18.00 часот на ден 13.03.2020 година до 09.30 часот на ден 14.03.2020 година од тераса на угостителски објект на ул.„Благој Ѓорев“ биле украдени два двоседа и три клуб масички. Бил извршен увид од екипа од СВР Велес.

Се очекува расчистување на овој настан од страна на екипите на СВР Велес