КЗГ „Еснафи-ПАЈ“ за сопствени потреби ги повикува сите невработени дипломирани и магистри да се пријават за „Обука на проект менаџери“ (за пишување и имплементирање на проекти)  со можност за вработување.  Ние сме институција со 25 години искуство во стручно оспособување на проект менаџери. Исто така е отворена  и можноста за обучување на вработени и невработени лица со различно стручно образование (економисти, правници, јазичари, технолози, агрономи, уметници, информатичари итн.).  По завршување на обуката постои можност за вработување во нашата институција под редовен работен однос.

Овој јавен повик се однесува и за стручно подготвување на менаџери за вработените во услужни и производни фирми и институции, по избор на лица од Вашите фирми и институции или лица кои сакате да ги вработите. Само со стручно подготвен менаџер Вашата фирма ќе биде успешна.

 Обуката ќе се одвива во период од 3 месеци почнувајќи од февруари 2021 во просториите на КЗГ „Еснафи-ПАЈ“ на ул. Борис Карпузов бр. 2 Велес. Бројот на канидидати за обуката е ограничен на 15 лица.

Заинтересираните кандидати може да го испратат своетo CV на емаил адреса: ercveles@yahoo.com.