Директорот на ЈКП Дервен Антон Јовиќ според извори на Велес365 во текот на вчерашниот ден ја депонирал својата оставка во Општина Велес и заминал на годишен одмор. Антон Јовиќ на оваа позиција дојде во март минатата година. Тој се сметаше за непартиско професионално решение за позицијата директор на ЈКП Дервен. Јовиќ е дипломиран инженер по биохемија, а во ЈКП Дервен е вработен од 1994 година.