По барање на групи наставници од Општинското основното училиште “Васил Главинов” Општинскиот штаб за заштита и спасување донесе заклучок да ги прифати сите барања од наставниците кои имаат услови од дома да одржуваат настава тоа да им го  овозможи бидејќи тоа е негова законска надлежност. Директорот во досегашниот период правел отпор и не им дозволувал да држат настава од дома, информираше на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски.