Во вчерашната сообраќајна несреќа за која се шпекулираше дека се загинати двајца велешани СВР Штип излезе со официјално известување во кое стои дека на местото на несреќата загинале двајцата возачи од кои едниот велешанец. На 20.06.2021 во 14.10 часот било пријавено дека на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на нас.„Три чешми”, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота корола”, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.И.(39) од Битола и патничко возило „хонда ЦВ”, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М.(40) од Велес. Од екипа на Итна медицинска помош кај двајцата возачи била констатирана смрт на местото на незгодата. Сопатникот од возилото „тојота корола”, Б.К.(30) од Кочани, се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница Штип, соопшти полицијата. Поради тежината на сообраќајната несреќа биле ангажирани и штипските пожарникари кои морале да ги сечат возилата за да можат да дојдат до возачите при што ги пронашле мртви на самото место. Совозачот од едно од возилата во кома е пренесен во Клиничката болница во Штип.