Во СВР Велес вчера било пријавено дека во село Бузалково, велешко, Ј.Ј. заедно со уште десетина лица физички ги нападнале Б.А. (22) и Г.А. (24), двајцата од село Горно Јаболчиште – Чашка, при што им одзеле патничко возило „бмв 320“, во кое се превезувале оштетените. За настанот е известен и јавен обвинител, а на местото на настанот извршен е увид од екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.