Десетгодишната Ешуриме Беќирова од село Бањица, која вчера утрото исчезна и се бараше во надојдените води на Мала Река, утрово е пронајдена под селото, извести градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски на својот фејсбук-профил. Потрагата траела во текот на целиот вчерашен ден и утрово.

Голема загуба за граѓаните на општина Чашка, училиштето „Тодор Јанев“ во нас.Чашка, семејството Беќирови и сите нас. Сочувство до семејството, напиша Стојановски на „Фејсбук“.

R.I.PПосле вчерашното исчезнување во с.Бањица околу 09 часот на малата десетгодишна Ешуриме Беќирова во надојдените…

Posted by Горан Стојановски on Sunday, March 8, 2020