Денес се регистрирани три нови случаи на Ковид-19 во Велес. Станува збор за две жени и еден маж кои се заразиле на работните места. Велешанецот е вработен во Куманово додека двете велешанки работат во Скопје. Според податоците кои ги дале на епидемиолошката анкета заразата најверојатно ја добиле на работното место. Со овие три случаи од почетокот на пандемијата во Велес се регистрирани 216 случаи на Ковид-19 додека оздравени се 185, активни 18 и 13 починати.