По двонеделна пауза поради настапите на македонската репрезентација, викендов продолжуваат возбудувањата во ПМФЛ со натпреварите од 12 коло. Фудбалскиот шампион Вардар денес гостува кај Борец кој досега нема пораз на својот стадион во Велес. Теренот со вештачка трева досега се покажа како тежок за  екипите. Мечот е закажан за денес од 13 часот.

  • Меѓусебните мечеви на Борец и Вардар:

08.08.2020 – Вардар – Борец 0-1
22.02.2020 – Борец – Вардар 0-1
23.10.2019 – Вардар – Борец 2-0
18.08.2019 – Борец – Вардар 0-0