Во последните 24 часа во Велес се регистрирани 60 нови случаи на Ковид-19. додека како оздравени во истиот период деветмина велешани се водат како оздравени. Ова е рекорден број за оваа 2021 година на нови случаи во еден ден. Последниве десет дена Велес бележи голем раст на нови Ковид-19 случаи со што повторни се враќа на ковид мапата на критични точки во Македонија, а истото го потврди и министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција. Со денешниот рапиден скок на нови случаи бројот на активните Ковид-19 случаи се искачи на 364, а од почетокот на пандемијата вкупно се регистрирани 3842 случаи на Ковид-19 додека 118 велешани го изгубија животот како последица од компликации настанати поради корона инфекција.