Седум години на работ на сиромаштијата, со пет илјади денари од бирото, велешанецот Тодор Митушевски едвај ја дочекал пензијата. Но, тогаш го пречекал шок. Државата му дала пензија од само 3600 денари за неговиот 22 годишен работен стаж. Имал среќа, се здобил и со пензија од Словенија каде што поминал дел од својот работен век. И решил – македонската пензија додека е жив ќе ја донира на оние на кои им е неопходна.

“Што повеќе луѓе да се завртат околу себе, за да видат на кој може да му се помогне и да не ги жалат парите, затоа што на некого и најмалата помош му значи многу“ е пораката која Тодор Митушевски  ја праќа до секој еден од нас.

„Реков јас дека тие пари што ги земам, ќе ги иневстирам кадешто има потреба. Не ми дошло мене до тие 3600 денари.“ – вели Тодор Митушевски.

Немаштијата ја почувуствувал на свој грб. И тој и неговата сопруга останале без работа. Двете ќерки му студирале. Но, не се предавал. Верувал во системот, за кој 22 години одвојувал од својата плата. И кога системот речиси и да се пошегувал со него, Митушевски решил дека тие 3600 денари пензија ќе ги дава во хуманитарни цели. Од поодамна донира за црквата, но една случајна средба била доволна веќе три години, секој месец да донира по 500 денари за Црвениот крст.

„Го сретнав Миле кога одесе да плаќа сметка за кабловска и му побарав жиро сметка за да донирам. И оотогаш донирам.“ – вели Митушевски. Луѓето од Црвениот Крст од Велес не паметат дека некој во 30 годишното постоење на организацијата континуирано одвојувал од своите примања за да донира. Во 2017 година дедо Тодор беше прогласен за најхуман граѓанин на Општина Велес, а признанија има добиено од Црвениот Крст како и од други хуманитарни здруженија. 

сторија на: www.24.mk