Во близина на детската градинка кај Жаба зграда, утрово велешката полицијата пронашла две мртви тела во стан на улицата 4-ти Јули.

Од станот се ширела ужасна миризба а соседите ја повикале полицијата која го потврди овој трагичен настан и како што информираат од таму, најверојатно се работи за мајка и син, а според соседите тие не биле видени повеќе од еден месец.