Вчера две лица биле нападнати од кучиња скитници, информираат од СВР Велес. Првиот напад се случил на ул.„Нада Бутникошарева“ кога бил каснат Д.З.(34) од Велес додека вториот напад од куче скитник во полициската станица Велес бил пријавен од В.Ј.(33) која пријавила дека на ул.„Љубљанска“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник. Билтенот на СВР Велес долги години бележи овакви настани но досега соодветно решение за кучињата скитници не е пронајдено. Во минатата година општината исплатила огромна сума за обештетување на граѓани кои биле каснати од куче. Вкупно 2.673.481 денари се исплатени од општинскиот буџет за оваа намена во 2020 година. Во 2019 година исплатени се 2.266.014 денари и во 2018 година 1.660.006 денари за  обештетување на граѓаните кои биле нападнати и каснати од куче.