Патничко возило „бмв“, со велешки регистарски ознаки, управувано од И.З. (30) од с ело Горно Врановци, општина Чашка, излетало од коловозот.

Несреќата се случила вчера во 16 часот, на регионалниот пат Велес – Извор.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.З. и сопатничката З.З.(52) од с. Г. Јаболчиште, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници на возраст од 12 и 14 години, по што биле пренесени во општата болница Велес за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.

Извор

novamakedonija