Две велешанки биле жртви на семејно насилство во текот на вчерашниот ден. Вчера во полициската станица Велес 53-годишна жена од Велес пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.Х.(57). Во полициската станица Велес бил пријавен и втор случај на семејно насилство од,33-годишна жена од Велес која  пријавила дека на 28.12.2021 во населба Превалец била физички нападната од нејзиниот сопруг А.С.(33). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.