Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес на вчерашната прес конференција одржана во Националната опера и балет во Скопје ја претстави програмата за сезоната 2021, насловена „Да се почне одново“. Ова следува по прекинот со работа поради Ковид панделијата. Сезоната ќе ја отвори премиерата на театарската претстава „Четири соби“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов, предвидена за средината на април. Втората продукција, танцтеатарска претстава чија премиера е планирана за јуни, е „Петтото годишно време“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев. Третата театарска претстава е „Орестија“ од Есхил, чии четири делови ќе ги режираат Александар Ивановски, Ненад Витанов, Софија Ристевска Петрушева и Деан Дамјановски, во соработка со кореографите Олга Панго и Саша Евтимова од Националната Опера и Балет, како копродуцент на претставата. Со премиерната изведба на оваа претстава во јули ќе биде отворен Интернационалниот фесивал на античка драма „Стоби“ која е четвртата продукција од програмата за работа е театарската инсталација „Квартет“ од Хајнер Милер, во режија на Деан Дамјановски која премиерно ќе биде изведена во втората половина на сезоната. Воедно велешкиот театар ќе го реализира и годинешното издание на ИФАД „Стоби“, а во соработка со авторските екипи на театарските продукции и други гости уметници.