Грција се изолира, Ги затвора границите со Македонија

65

Прекинување на патното, морското и авионското поврзување со Северна Македонија и Албанија, е една од одлуките донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министри од неговата влада.

Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, исклучок од мерката е пренесувањето на стоки и влез во Грција за оние кои имаат грчко државјанство или живеат во земјата.