Во СВР Велес синоќа околу 19 часoт било пријавено дека во обложувалница во Велес, по кратка расправија, настанала физичка пресметка меѓу 50-годишниот М.С. и 42-годишниот А.С. од една страна и 24 -годишниот А.М. и 55-годишниот Е.М. од друга страна. Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.