Граѓаните ќе можат уште некој месец да издржат без пари бидејќи многу поважен е законот за државјанствата, изјави пратеникот Скендер Реџепи од опозициската коалиција на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Реџепи смета дека блокадата на законите за пакетите со антикризни мерки кои треба да обезбедат финансиска помош за граѓаните и компаниите е оправдана. Со предлог законот  поднесен од Алијанса и Алтернатива се предвидува граѓаните кои немаат државјанство да може да го добијат со изјава на неколку сведоци.