Над 3,8 милиони евра се слеале од џебот на граѓаните во државниот буџет за една година поради непочитување на мерката. Изречени се 194.117 казни. Непочитувањето на оваа мерка како заштита од Ковид-19 скапо ги чинеше граѓаните изминатата година. Над 3,8 милиони евра се слеале од џебот на граѓаните во државниот буџет за една година поради непочитувањето на задолжителната мерка за носење маски како заштита од Ковид-19. Како што информираат од МВР за ДВ, заклучно со вчера се изречени 194.117 казни за непочитување на мерката. Паричните казни беа во висина од 20 евра, а 2.000 евра е казната којашто домашни и странски фирми ја плаќаа за необезбедување заштитни маски за вработените заради заштита од коронавирус. Ова е предвидено во Уредбата којашто ja донесе Владата на 22 април, а стапи на сила од 1 мај минатата година, објави Дојче веле.