Одлуката за привремено ограничување на копнените граници со Македонија, Албанија и на Турција, како и за забраната за влез на државјани на трети земји, Грција ја продолжи до 8 ноември. Ова е последната министерска одлука која се продолжува на секои две недели. Последниве денови во Грција короната галопира и се регистрираат и по илјада случаи на ден, маските се задолжителни на отворен и на затворен простор, а полициски час е воведен во Солун и Атина.