СВР Велес поднесе кривична пријава против А.В.(29) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и навлегување во компјутерски систем“.

Пријавениот, од вработената во продажен објект на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес одзел паричник со пари и платежни картички, по што истиот ден од банкомат неовластено подигнал 30.000 денари.