На 07.11.2021 во 01.25 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, по кратка расправија, И.М.(18) од Велес бил физички нападнат од И.Т.(24), П.С.(25) и уште едно лице, сите од Велес. Се работи на расчистување на случајот, информираше денес портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.