Новогодишните и божиќните празници Гостилница Боем ги заокружи со акцијата ,,НУЛА ГЛАДНИ ВО ВЕЛЕС,, Како за Нова Година така и за Бадник, Гостилница Боем со сцоите подржувачи: Пасторот Филип, Црвен Крст-Велес, Т.А. Мартин травел Велес, Ердован Етоски, Дарко Илиев, Дарко Илиев поделија оброци за социјално ранливите категории на граѓани во Велес. Покрај обројот за бадниковата акција тие поделија и чај, варено вино чоколади и топли обувки за најмалите. Годинава Велес имаше нула гладни на нова година , и нула гладни на Бадник. Во двете акции Гостилницата Боем заедно со нивните подржувачи поделија околу 1200 топли оброци.