На 08.03.2020 во 03.45 часот во Полициското одделение Чашка, Џ.И.(51) од с. Сливник пријавил дека во периодот од 03.00 до 03.30 часот истата ноќ во куќа на неговиот брат К.М.(57), кој моментално е во Италија, во с.Сливник две лица извршиле разбојничка кражба.

Според пријавеното, преку прозорец влегле внатре и со закана со пиштол и тврд предмет од Ф.К., Ш.К., Х.К. и К.М., ќерки на К.М., одзеле златен накит и часовник, по што побегнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.