Навивачката група  „Гемиџии“ на прес конференција упатија апел до раководството на Општинскиот фудбалски сојуз – Велес да се преиспитаат одлуките на последното годишно изборно собрание. Во името на граѓаните на Велес навивачката група бара во најбрз можен рок да се донесе спортска одлука во интерес на сите велешани. Ова доаѓа откако во петокот на собранието на ОФС Велес едногласно од 35 присутни делегати со мандат од четири години повторно беше избран досегашниот претседател Лазар Ракиџиев, а за потпретседател Роберт Гочевски.