Фудбалскиот клуб Борец 1919 ги засили своите редови пред почетокот на престојната сезона со неколку нови фудбалери.
За екипата од Велес во претстојната сезона ќе настапуваат Енсар Љума, Ристе Каракамишев, Александар Ѓорѓиески, Стефан Јакимовски и Кристијан Николов. Исто така Борец ги продолжи договорите со Кристијан Ефтимов, Лука Трајкоски, Филип Манасиевски, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Азер Омерагиќ, Филип Ристовски, Трајче Трајков.
Раководството на клубот работи на ангажман на уште неколку нови имиња кои ќе бидат објавени по потпишување на договорите.